Кодексот за фер избори, го потпишаа петте кандидати за градоначалник на Охрид.
Денеска, петте кандидати за градоначалник на Охрид, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.На пригодна свеченост, Кодексот го потпишаа Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ,Константин Георгиески од СДСМ, Џемаил Мена од БЕСА и кандидатот на партијата Демократи Стевче Стевоски.Кодексот за фер избори претставува писмена гаранција дека кандидатите ќе бидат фер и коректни, меѓусебно, но и кон граѓаните на Охрид. Потпишувањето на Кодексот е иницијатива на Општинската изборна комисија Охрид.

