Сообраќајка кај Вапила, тешко повреден возач

Сообраќајката се случила синоќа, повредениот во болница.

Синоќа во 19.50 часот на локалниот пат село Вапила-село Косел, охридско, кај место викано „Лозја“, патничко возило „Југо Корал 55“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.(74) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Притоа, В.В. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани