Овие точки се повлечени од утрешната седница на Советот.
Во врска со ова, од Одделението за односи со јавност во локалната самоуправа, денеска испрати соопштение кое, интегрално Ви го пренесуваме:
Овој состав на Советот на општина Охрид досега има донесено 276 одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти и сите, во интерес на граѓаните се донесени едногласно.
Редовните и тековните обврски на општината не смеат да бидат злоупотребувани за политички поткусурувања и ефтина политичка пропаганда.
Со цел да се продолжи со транспарентност и отчетност во работењето, за утрешната седница на Советот на општина Охрид, се повлекуваат сите точки на дневниот ред поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти.
