Марихуана средби во интернатска соба во Охрид

20 годишно момче од својата интернатска соба продавал марихуана.

Се поалармантно е присуството на дрога кај средношколската младина. Дрогата зема се поголем замав, а најновиот случај е со средношколецот од прилепско, кој, учел во Охрид. Тој препродавал марихуана и организирал сеанси во неговата соба во интернатот.Фатен е и заработил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“, СВР Охрид против Р.Т.(20) од прилепското село Ропотово, поднесе кривична пријава.
-Тој, на повеќе лица од Битола, Кавадарци, Велес и Охрид им продавал опојна дрога марихуана и им овозможил нејзино користење во неговата интернатска соба, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани