Реконструкцијата на главната градска артерија булеварот „Туристичка“ ќе заврши пред почетокот на туристичката сезона, порано од предвидениот рок, ветуваат надлежните.
Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, ветува Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој вчера беше во обиколка на регионот.
.jpg)
-„Отстранети се сите оштетeни делови и најбрзо ќе се заврши. Се работи и на делницата Охрид- Подомоље во должина од 8,5 км и ширина од 7,5 метри, со буџет од 88 милиони денари, а во моментов се работи и на делницата од Евро Хотел до Радожда во должина од 4 км. Тие се посочени од нашите служби и од локалните институции како патишта од прв приоритет да бидат рехабилитиртани со цел охридско – струшкиот регион да има добри патишта, но не се заборавени ни остантите“, изјави Китанов за ТВМ телевизија.
Засега улицата делува само раскопана, а со недели нема градежна механизација. Асфалтирањето не се очекува да биде завршено пред Велогденските празници кога Охрид се очекува да биде полн со туристи.
