Тимот на Георгиески ветува нов лик на плоштадот Крушевска република

Нов лик на плоштадот Крушевска република, најавуваат од тимот на Константин Георгиески.

-Нов лик на Плоштадот Крушевска Република Плоштадот „Крушевска Република” е едно од најрепрезантативните места во Охридското централно подрачје и локалитет кој секојдневно има голема фреквенција на гости и туристи.Овој плоштад го означува почетокот на Охридската чаршија и го поврзува овој дел од градот со Главниот плоштади Градскиот кеј на Охридското Езеро. На овој плоштад е лоциран и Охридскиот Чинар кој е многу важна охридска знаменитост и е една од главните атракции за гостите и туристите. Сегашниотизгледсо целокупната инфраструктура, постоечкатафонтана и урбанатаопремана овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање. Изготвено е Идејно решение и во завршна фаза е Проектот за реконструкција на плоштадот, рече Филип Јованоски од тимот на Константин Георгиески.

Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка на охриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да сеорганизираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона.

-Со реконструкцијата се предвидуваатнови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и една нова понудакојавотекотнацелатагодинаќегипривлекувадомашните и странскитепосетители. Нашата цел е јавните површини во Охридда добијат современ лик достоензаедентуристички и културенцентар, На 21-ви април да излеземе и да ја дадеме својата поддршка за конкретни и реално остварливи проекти. Да го заокружиме бројот 7 и да гласаме за нашиот кандидат Константин Георгиески. Заедно напред за Охрид!, повика Јованоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани