ВМРО ДПМНЕ Охрид : На 21 април ќе победи правото и правдината

Георгиески и СДСМ спроведуваат флагрантно кршење на Статутот и Деловникот за работа на Советот.

Општинската ВМРО ДПМНЕ Охрид денеска на прес го изнесе ставот дека несовесното и неодговорно работење спротивно на Законите стана главна одлика за СДСМ и Константин Георгиески. Оттаму кажаа дека СДСМ и Георгиески послушно и понизно ги спроведуваат незаконските одлуки повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија да се промени Статутот на општината.
-Георгиески да одговори како е извршена промена на официјалните печати на општината и наместо Република Македонија, тие се испишани со Република Северна Македонија, праша на денешната прес кнференција Перчо Божиноски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Кажа дека децицно во член 10 од Статутот на општина Охрид и јасно стои што треба да пишува на печатот и повторно запраша: Кој ќе одговара за тоа што незаконски се изработени нови печати и ги има како доказ два дена последователно на официјални документи од општина Охрид?
-За да се изврши промена на Статут на општината врз основа на член 18, точка 1 потребна е Одлука на Совет, но таква Одлука не е донесена.Охриѓани треба да знаат дека СДСМ работи против нивната одлука донесена на референдумот на 30 септември, за печатот на општината наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија, изјави партискиот гласноговорник
Наместо Георгиески да ја потценува интелигенцијата на охриѓани и да ветува исти работи што ги ветуваше како носител на советничка листа треба да им каже дека сака спротивно на Законите секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија.Георгиески и СДСМ спроведуваат флагрантно кршење на Статутот и Деловникот за работа на Советот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира сите засегнати институции и ќе поднесе соодветни пријави.
На 21 април ќе се стави крај на владеењето на СДСМ, ќе победи правото и правдината, а Охрид за охриѓани повторно ќе биде град на дела и светла иднина,соопштија на денешната прес конференција во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани