Обединети за Македонија со поддршка за Нанче

Обединети за Македонија со поддршка за Кирил Трендафилов Нанче.

Општинското раководство ќе го ппддржи кандидатот на ГДУ.

-Како поранешното општинско раководство на Обединети за Македонија и јас како нејзин поранешен претседател, пред неполн месец донесовме едногласна одлука за негово распуштање, а после неколку наши консултации околу понатамошните политички ангажмани, едногласно одлучивме, на претстојните избори за градоначалник на Охрид да застанеме во поддршка на г-динот Михаил Трендафилов Нанче. Одлуката не беше лесна, но мотивите за тоа беа следни: Знаете и сите дека партијата Обединети за Македонија e десно ориентирана партија и настана како производ од незадоволните членови на поранешното ВМРО ДПМНЕ, каде воедно како член и еден од основачите беше и г-динот Љубе Бошкоски. Во неколкуте изминати години, режимското владеење на ДПМНЕ ја достигна својата кулминација, со што беше неопходно обединување на сите прогресивни сили во Македонија, без оглед на политичкото убедување, со една единствена цел, рушење на режимот. Застанавме рамо до рамо во таа борба, се формира и коалицијата ВМРО за Македонија како трета десна опција, а предводник во битката беше тогаш најголемата опозициска партија СДСМ. Битката иако тешка, режимот падна, ама многу работи не тргнаа онака како што очекувавме. Во пост изборниот период, како и многу други помали и десни и леви партии влеговме во коалиција со сега владеачката СДСМ, се со цел да бидеме поцврсти, заеднички да ја градиме Македонија како силна европска и просперитетна државаа, а таа сплотеност покажа одлични резултати на локалните избори наредната година. Во првите две години на владеење, приоритет беше надворешната политика, и ние цврсто застанавме во поддршка на Владата, се со цел конечно да се решат сите спорови со соседите, посебно оној најгорчливиот, спорот со името со Грција, за што и до ден денес тоа го поздравуваме и срдечно им честитаме за храбрите одлуки. Но што се случи внатре во државата? Внатре застана се. Економијата тргна по надолна линија, институциите како и да не постојат. Реформите во судството и администрацијата кои требаше да бидат веќе при крај, сеуште не ни започнале, а Македонија се наоѓа пред датум за преговори со Евроспката Унија, за што мене искрено ми е жал и се плашам дали ќе ги добиеме. Како коалициони партнери во власта каде баравме да бидеме поактивни и повеќе вклучени во процесите, наместо тоа, се соочивме со игнорантски однос и незаинтересираност пред се внатре од врвот на нашата партијата, а и од страна на владеачката СДСМ. За оваа ситуација не би сакал да обвинам никого, зошто не знаме каде настанал кушлусот, што доведе до таква деструктивност на коалицијата. Г-динот Константин Георгиески кому на изборот за в.д. градоначаланик безрезервно му ја дадовме довербата, за мене лично е исклучителна личност и посебно го ценам. Но, сега еве, изборите за градоначалник се пред нас, тука сме со кандидатот на Граѓанско Демократската Унија, г-динот Михаил Трендафилов Нанче, на кого овој пат му ја даваме целосната поддршка, а оваа наша одлука произлезе од многу други фактори, пред се гледајќи на глобално ниво за Охрид. И г-динот Георгиески од СДСМ и г-динот Милошески од ДПМНЕ се пред се врвни лекари, кои верувам со љубов си ја работат својата работа и се спремни секогаш да помогнат секому, не затоа што дале Хипократова заклетва, туку затоа што пред се се хумани луѓе, па затоа и на двајцата искрено им посакувам многу успех во својата лекарска кариера и да останат запаметени како такви. На Охрид доста му беше не само од лекари за градоначалници, на Охрид доста му беше и од партиски послушници од двете најголеми партии, кои фунцијата градоначалник не дека не знаат да ја вршат. Не можат да ја вршат совесно, затоа што мора да бидат неми извршители на ситнопартиските интереси. Затоа на Охрид му треба искусен менаџер, организатор и независен човек. Со тоа што одлучивме да застанеме зад кандидатурата на г-динот Трендафилов Нанче, не го правиме од некои други побуди, напротив, соработката и со владеачката партија и со опозицијата треба да се продолжи непречено, затоа што Охрид на сите ни е потребен, но и на Охрид сме му потребни сите. Познавајќи го лично од многу одамна, како човек, успешен бизнисмен кој со своите менаџерски способности, многу умешно се справуваше уште во времето на поранешна Југославија, во транзицискиот период по осамостојувањето на Македонија, па и во времето на режимот, сигурен сум и дека и сега лесно ќе се справи со хаосот кој моментално владее во градот. Нанче е пред се народен, или што би се рекло кај нас, чаршиски човек, опкружен и почитуван од многу граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или било која припадност. Човек со широк и праведен дух, човек кој може да биде во вистинска смисла на зборот, татко на градот. Сигурни сме дека Нанче може да ги обедини сите прогресивни, висококвалитетни кадри, целокупната интелигенција во Охрид и од двете најголеми партии, па и од сите етнички заедници кои егзистираат во Охрид и конечно од Охрид да направи град кој ќе блесне со својата природна светлина. Владата на Република Северна Македонија пред извесно време излезе со предлог за ревизија на Проектот Скопје 2014, со кој дел од спомениците би требало да бидат отстранети или дислоцирани. Затоа, меѓу многуте програмите и цели кои ги има како приоритет, после неговиот избор за градоначалник, ќе му го предложиме следното: Да изнајде начин, секако во соработка и договор со Владата и премиерот г-динот Заев, велелепниот споменик на Цар Самоил да се дислоцира од Скопје на соодветна локација на градскиот плоштад во Охрид, каде се ќе си го најде своето вистинско место под Самоиловите кули, а вооедно ќе претставува и симбол на Охрид, нешто како статуата на слободата во Њујорк. Што се однесува до Граѓанско Демократската Унија како конзервативна десна партија чиј кандидат е г-динот Трендафилов, можам само да упатам искрени честитки, и се радувам што конечно на македонската сцена се појави една ваква партија која ја води еден млад визиинер, господинот Петар Колев, партија која во иднина ќе биде многу силен фактор на македонската политичка сцена и вистински коректор на било која власт, дали како партиципиент од власта или од опозицијата За крај еден апел, пред се до сите граѓани на Охрид, посебно до разочараното членство и гласачкото тело кои на минатите избори ја поддржаа Обединети за Македонија како и коалицијата ВМРО за Македонија, па и сите останати незадоволни и изманипулирани членови и гласачи од големите партии, да ги дигнат гордо своите глави, да ја разбудат во нив изгубената надеж и заокружувајќи го бројот 4, да му дадат целосна безрезервна поддршка на Михаил Трендафилов Нанче, кој на секаков можен начин ќе ја оправда довербата кај сите граѓани. Се надевам дека со оваа наша одлука, го правиме првиот чекор, токму од Охрид, градот на Климент и Наум, Самоил, Григор Прличев, Христо Узунов, Методи Патче и многу други, каде ќе започне и конечното обединување на целата вистинска македонска десница, која на наредните парламемнтарни избори до година, сплотени заедно, ќе им бидеме тежок противник и на двете лево ориентирани и братски партии, СДСМ и ДПМНЕ, рече на денешната прес-конференција Владимир Каневчев од Обединети за Македонија.

Нанче  се заблагодари за поддршката. 

-Го пдравувам овој гест, оваа поддршка на оние кои веруваа во големата идеја на Обединети за Македонија и се уште веруваат во обединување, но кое го гледаат преку ГДУ. Ова се мали чекори за нас но големи за Македонија. Во овие моменти на тотална расцепканост во општеството, дебела поларизација, наша цел е обединување и здружување на сите прогресивни сили, без разлика на партиската определеност. На Македонија и е потребна Унија. Охрид е на пат да му се случи Кичево и Струга од 2004 година. Двете партии СДСМ и ДПМНЕ единствени се само по тоа прашање. Распродаваат без усул! И да повторам, на Охрид, Македонија му треба обединување како воздух, вода и слобода, рече Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник од ГДУ. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани