Милошески на средби со жителите на Велгошти и Рача

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески во посета на Велгошти и Рача.

 

-Рача и Велгошти две преубави места, но за жал заборавени од Локалната самоуправа. Охрид и околината мора рамномерно да се развива.

Нашата цел, како нова Локална самоуправа, ќе биде максимално искористување на потенцијалите што ги имаат пригратските населби и охридските села. И овие подрачја од градот мора да заживеат.

Затоа имаме предвидено, проекти кои се однесуваат на охридските села и пригратските населби. Проекти, кои се од круцијално значење и кои директно ќе влијаат врз квалитетот на живот, а тоа значи подобрување на секојдневното функционирање на овие жители“, информира Милошески. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани