Младиот музички талент Ивана Коскоска, учествуваше на “Гим фест”, средношколскиот музички фестивал кој се одржа во Прилеп.

Коскоска под менторство на Проф.Александар Димоски достојно ја претстави охридската гимназија Св.Климент Охридски со хитот на Лејди Гага, Always remember us this way, и нормално нејзината изведба не само што ја воодушеви публиката туку во нејзината рака заврши и награда.
Коскоска за Охриднет кратко изјави:
” Чест е да се работи со Проф. Димоски, задоволна бев од својот настап и во Прилеп поминавме прекрасен ден и дружба “. Инаку вчера Ивана изненади со препеан дел од најновиот македонски хит на Лозано.
