Полицаец бил нападнат кога ги делел навивачките групи.
На шести април оваа година околу 20 часот, на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на спортски натпревар, предизвикано е насилство со тепачка.
-Најнапред, двајца навивачи од навивачката група „Паткари“ од Струга, се втурнале во навивачката група „Рибари“ од Охрид а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени мерки за безбедност, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека 20 годишен стружанец физички нападнал униформиран полициски службеник.
СВР Охрид презема мерки за идентификација на неколку лица-членови на двете навивачки групи, кои, учествувале во насилството, нагласи портпаролот Димоски.
