Милошески:Започнуваат нови проекти за убав Охрид

Со новата Локална самоуправа ќе ја снема зависноста на граѓаните од волјата на поединци.

Грижатa, солидарноста и хуманоста за нашите сограѓани е насочена кон обезбедување достоинствен живот. Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите. Град на нови дела за напредок и убаво место за живеење. Започнуваат нови проекти за убав Охрид:Приоритетен проект за охриѓани „Проект за изградба на социјални станови“, ја отпочна денешната прес конференција на која, ги запознава граѓаните со низа предвидени проекти за подобар живот на охриѓани.
-Целта е станбено решавање на социјалните случаи кои се најзагрозени.Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом. За убав град, лично ќе се заложам за проширување на меморандумот за соработка со Општата болница, изјави д-р Митре Милошески, кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ.
Милошески најави доделување еднократна парична помош за секое првородено дете – 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено – 12 000 денари, четврто – 15 000 денари).Посебно ја потенцира можноста за користење субвенции на комунални трошоци за ранливи категории на граѓани.Милошески рече дека за убав град, ќе се погрижи и за патеки за слепи лица како предуслов за обезбедување на самостојно живеење и непречено движење на слепите лица како и за можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при само-вработување во социјални активности.
-Целта е поврзување на двете категории граѓани, едната повозрасната категорија граѓани и онаа категорија граѓани кои се во сотојба на социјално-заштитна потреба и имаат потреба од услуги од типот чување на деца и на стари изнемоштени луѓе.Нашите заложби со новата Локална самоуправа ќе бидат намалување на зависноста на граѓаните од волјата на поединци во институциите.Мерките мора да функционираат за заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај граѓаните.Решителноста и одлучноста се наши заеднички одлики, соопшти кандидатот за градонаќалник Митре Милошески додавајќи:Наша заедничка одлика е бројот 5!5 за новиот градоначалник!5 за убав град! Охрид повикува!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани