Нови сообраќајни решенија е дел од предизборната програма наГеоргиевски, градоначалнички кандидат од СДСМ.
Почетокот на пресот, кандидатот Георгиевски ја посвети на сообраќајот во Охрид.напомена дека динамиката и текот на современото живеење ја наметнуваат потребата од нови и функционални облици на мобилност за граѓаните и туристите во Охрид, особеново делот на сообраќајот.
-Во фаза на сме на реализација на многу идеи и проекти за обезбедување на сообраќајни решенија кои се важни за сите граѓани. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој како туристички и културен центар.Со поддршка на Министерството за транспорт започна реконструкцијата на главната сообраќајница во градот ‒ булеварот „Туристичка“. Минатата година ја реконструиравме улицата „Македонија“ во центарот на Охрид, а беа асфалтирани повеќе улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните подрачја. Во тек е изработка на нова Сообраќајна студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници, . Во план е реконструкција на улицата „Македонски Просветители”. За оваа улица веќе е изработен основен проект и со негова реализација централното градско подрачје ќе добие сосема нов и современ лик, особено потенцира Георгиевски. Додаде дека по долги години, конечно го решаваме проблемот со улицата „Абас Емин”. Изработен е проект за реконструкција,кој е предвиден во Развојната програма за уредување на градежно земјипте и истиот ќе се реализира веднаш по реализацијата на проектите за реконструкција на водоводната линија, канализационата мрежа и атмосферската канализација на улицата. За овие три проекти е добиено одобрение за градба и истите се испратени до Министерство за транспорт и врски и се чека објавуавање на Тендер за реализација, заклучи Георгиевски.
За состојбата со канализацијата, кажа дека по поставување на атмосферската канализација, ваќе се започнати активности за реконструкција на улицата „Егејска” во целата нејзина должина од улицата „7-ми Ноември” до крстосницата со улица „Железничка”. Во Развојната програма за уредување на градежно земјиште предвидена е и реконструкција на дел од улица „7-ми Ноември” од пресекот со улица „Егејска” до пресекот со улица „Железничка”, а во тек е подготовка наосновен проект за реконструкција на улицата„1-ва Македонска Ударна Бригада”од крстосницата со „Питу Гули” до„Стобекс” – Делница 1, рече Георгиевски. Тој кажа дека во фаза на подготовка еи основен проект за рехабилитација на улицата „Јане Сандански” од Кружен тек кај Гимназија до Кружен тек кај Болнички комплекс, а планирана е и реконструкција на улицата„АСНОМ” од пресек со Булевар „Туристичка” до пресек со улица „Карпош Војвода”.
-Со реконструкција на овие улици, Охрид ќе добие сообраќајна мрежа во согласност со сите современи текови и ќе се овозможат услови за безбеден и динамичен сообраќај, што е од исклучителна важност и за жителите на Охрид и за туристите кои секојдневно го посетуваат градот, изјави Георгиевски.
Обраќајќи им се на граѓаните, Георгиевски напомена: „Работиме посветено, одговорно и домаќински, со цел да ги реализираме приоритетните проекти за Охрид и да обезбедиме подобра иднина за нас, нашите деца и за нашите поколенија. Само заедно можеме да имаме вистински и мерливи резултати!На 21-ви април да го заокружиме бројот 7 и да се одлучиме за уште една голем победа! Заедно Напред, За Охрид!

