Повозрасен охриѓанец изградил куќа без дозвола.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење”, СВР Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 72годишен охриѓанец. Тој, во текот на првото тримесечје од 2019 година , на улицата „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно на Законот за градење, и без одобрение за градба, изградил индивидуална куќа. Нелегалната градба била констатирана и од овластен општински градежен инспектор кој донел решение за отстранување на градбата.
