Охриѓанецот ја фрлил кесичката, сепак заработил кривична.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“. На 26/27.07.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Д.П. и Г.Д., двајцата од Охрид.
– Притоа, Д.П. фрлил кеса со кокаин, а по преземени мерки било утврдено дека тој претходно купил кокаин и марихуана од пријавениот, кој им овозможил да конзумираат кокаин и марихуана, информира Стефан ДИмоски, портпарол на СВР Охрид.
