Во Охрид за локалните вонредни избори на градоначалник на избирачкиот список има 52 273 граѓани со право на глас.
Гласањето во недела на 21 април ќе се одвива 88 избирачки места.
За претседател право на глас имаат 52193 гласачи, помалку заради регистрираните гласачи во дијаспората.

-„За глсањето утре се пријавиле 125 болни граѓани од Охрид , од нив 121 имаат право на глас, четворицата не постојат на избирачкиот список поради истечени документи“, вели претседателот на ОИК Климент Камнароски во изјава за Охриднет.ком.
Според претседателот на ОИК во охридскиот затвор право на глас за претседател имаат 19 лица , а седум ќе гласаат за градоначалник.
