Пецаков најави низа проекти за развој на спортот.
Советникот во Советот на општина Охрид и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција изнесе уште неколку значајни проекти за спортскиот напредок на Охрид. Смета дека Охрид мора да биде град на спортот. Спортот е нашиот најголем промотор, а децата нашата иднина. Правилниот психофизички развој на децата, професионалците, гостите ќе биде императив.Пецаков, за убав град најави низа инвестиции во спортот:Инвестирање во спортската инфраструктура, Нова современа трибина и соблекувални на Билјанини Извори, со простории за Атлетски клуб Охрид и ОФС Охрид.
– Охридските спортски клубови ќе добиваат финансиска поддршка од новата Локалната власт. Ќе ги поддржиме спортските клубови со цел поголем интерес за спортот и зголемување на спортските навики кај младите.Организирање спортски натпревари, турнири и училишни лиги во сите спортови како и унапредување на училишните спортски клубови.Поддршка и развој на сите школи за спорт во градот, како и на сите спортови во градот без исклучок, врз основа на рангот во којшто учествуваат и врз основа на резултатите коишто ги постигнуваат.Дополнително развој на спортскиот и алтернативниот туризам со поддршка на спортовите на планина и искористувањето на самиот капацитет, убавина и атрактивност на Галичица, се’ со цел продолжување на туристичката понуда и сезона во есен и зима, изјави Пецаков.
Вети поддршка и развој на сите спортови, тука особено ќе се стави акцент и на атлетиката, и на пливањето преку залагање што побрзо да се заврши веќе започнатиот затворен базен, останатите спортови на вода – кајакарството и едрењето, алпинизмот и боречките спортови.
– Покрај Спортската академија во Скопје, ќе продолжи со работа дисперзираната паралелка по фудбал на Спортската академија и во Охрид со тенденција повторно отворање на паралелките за ракомет и кошарка, а зошто не и тенис. Учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес во кој посебен акцент и поголема застапеност има на практичниот дел (тренинг) да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на локалните клубови, но и на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.Во духот на спортската афирмација на градот одржување Летен камп за деца од 6-16 години. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Покрај развојот на спортот и стимулирањето на младата популација да се занимава со спорт, овој камп има промоцијата на градот Охрид, потенцира Пецаков и порача:Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за развој на спортот.5 за град на спортот.5 за многу нови проекти во спортот.5 за убав град!Охрид повикува!

