Традиционален Велигденски базар кај Чинарот

По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, ЈП „Градски пазар“ и годинава на Велики четврток организира Велигденски Базар .

Настанот којшто е од хуманитарен карактер ќе се одржи на плоштадот „Чинар“ утре 25 04 со почеток во 11 часот.

Ќе бидат изложени традиционални јадења, рачни изработки и сувенири. Настанот ќе биде збогатен со уметничка програма во чии рамки ќе настапат децата од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ и учениците од основните училишта во Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани