Семејството Филеви еден век ја чува тајната за охридските бисери

 

Приказната за охридските бисери, кои денес се бренд на градот Охрид е надалеку позната. 

Во Охрид има само две фамилиии кои имаат сертификат бидејќи ја знаат тајната формула за производство на квалитетен оригинален охридски бисер, кој се изработува со  емулзија од охридската риба плашица. Рецептот е од Русија по теркот на бисерите од Бајкалското езеро. Едно од нив е семејството Филеви. 

Фотографија на Mihajlo Filev.

 

Ова е куса историја и факти за семејството Филеви,  кое еден век ја чува тајната за изработка на најсветлиот накит охридски бисер.

 

Бисерот од Охридското езеро денес е  најголем препознатлив амбасадор на Охрид и Македонија на секаде низ светот.На овие фотографии  се опфатени четири генерации и петта на повидок на изработувачи, вели Михајло Филев изработувач на оригинален охридски бисер. 

 

Прва генерација е Никола Филев, прадедото на Михајло. Втора генерација е Михајло Филев , дедото на денешниот најпознат производител. чие име со гордост го носи.

 

Трета генерација е повторно  Никола Филев таткоти на Михајло. Четврта генерација е Михајло Филев, оној кој се избори бисерот да биде брендиран и патентиран а со тоа и заштитен бренд на Македонија. Петта генерација се ќерките  Мина и Ирма Филеви, кои веќе го учат занаетот. 

 Семејството Филеви речиси 100 години произведува оригинален охридски бисер., пренесувајќи ја семејната тајна од генерација на генерација. Охридскиот бисер е на трето место во светот по квалитет.

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани