Становите во Охрид поскапи од апартманите на море во мондеските места во соседните земји.
И покрај стагнацијата на пазарот на недвижнини, цените на становите во централното градско подрачје се движат од 900 евра по квадрат во постарите станбени објкети до 1400 евра во поновите, додека вдолж езерскиот кеј од 1200 до 2000 евра за метар квадратен. Најскапите апартмани се прва линија со поглед кон синото езеро , кои достигнуваат фамозни 2200 евра за квадрат, но и на периферија стан не може да се купи под 650 евра.

– „Најскапите апартмани се наоѓаат во централното градско подрачје и на охридската ривиера а нивните цени изнесуваат од 1 200 до 2000 евра во завинсот од локацијата. Најаскапи се во ресортот „Парк“. Исто така имаме скапи апартмани во Лгадин каде достигнуваат цени до 1500 евра а во централното градско подрачје имаме атрактивни апартмани до 1500 евра. Најбарани се на првата линија на кејот на езерото но за жал такви нема“, вели Наташа Спасеска сопственик на агенција за недвижности во Охрид.
Најбарани станови се мали еднособни апартмани или гарсониери за викенд одмор, но нив најмалку ги има во понудата.
– „Најбарани станови се од 30 до 0 метри квардратни но за жал нив најмалку ги има, бидејчи во новите гради речиси воопшто да ги нема. Новите градби имаат квадратури на станови од 50 квадрати нагоре од причини што едноставно со новуте законски измени градежниците се обрзани со обезбедување на паркинг простор или секоја станбена единица има една фиксна цена трошок при изградба и изведба и нивното образложение е дека немаат сметка да градат за овие цени толкави апартмани. А ние псотојано апелираме да се смогнат сили и да се градат станбени згради со помали апартмани и по цена повисока на нив“, додава Спасеска.
Недостигаат урбанистички планови за изградба на луксузни вили, кои ги бараат странците.
– „Странците често бараат луксузни вили со базени или бараат локации за нивна изградба на потегот Рача Елешец тука опфатен е и Горица и Коњско но поради немање на урбанистички планови ние за жал немаме таква понуда. Во таа насока треба да се прави планска урбанизација и да се овозможи да се градат такви луксузни објекти и да се развива Охрид во таа насока“, додава Спасеска.
До лани имаше недостиг на станови на пазарот на недвижнини од годинава има десетина нови станбени згради кои ја задоволуваат побарувачката. Околу 400 до 500 станови моментално се градат и нудат за продажба во Охрид.
Новинар Соња Рилковска
