Хуманите ученици од „Григор“ направија дрво со желби

Вчера  се реализира хуманитарната акција „Желба наша за радост ваша“ во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид, со поддршка на охридските „Тамаро“ маркети.

 

-Учениците и оваа година напишаа желби и замисли кои би сакале да им се остварат. Желбите ги „затворија“ во пластичните кутивчиња од Киндер јајцата кои ги купија од „Тамаро 7“ маркетот. Кутивчињата ги ставија на Дрвото на желбите во училишниот двор, за по празникот Велигден повторно да бидат ставени во „временската капсула“.

Колку што е богата детската фантазија, толку е силна желбата да се помогне. И оваа година ќе му биде овозможена помош  на ученици од социјално загрозени семејста“, информираат од училиштето. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани