Гласот за Митре Милошески е глас за иднината, пораача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски при синоќешната поста на Охрид.
Бев во Охрид, градот на историјата, местото каде силно е присутна желбата за успех.
–Деспотот е на колена, власта е делегитимирана, ги победивме на купче таа скапа хотел коалиција, а потребен е милиметар за конечна победа.
Овде се и локални и претседателски избори, а Митре Милошевски верувам дека ќе се избори за убав Охрид. Гласот за Митре е глас за иднина, работа и чесност. Митре како човек целиот живот помага на Охриѓани, тој е подготвен да продолжи тоа да го прави, но овој пат и како градски татко, затоа што има план, визија и програма. Поголемиот дел од денот го поминав во овој град, одевме од врата на врата, и добро слушнав што му треба на Охрид и верувам дека Митре е правилниот избор, и на 5-ти ќе имаме двојна победа. И претседател, и градоначалник. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за правда за Македонија. Охрид не смее повеќе да тоне во безизлез, излезот е да се гласа за иднината и правдата. Затоа да се избориме за убав Охрид и за правда за Македонија!, повика Мицкоски.




