ДИК го поништи гласањето на едно избирачко место во Охрид

Се работи за избирачкото место 1338 во општина Охрид.

Според ДИК, на избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник.Според нивното соопштение, гласачите се потпишувале само на изводот на избирачкиот список за локалните избори.Според Радица Ристеска која е член на ДИК, избирачко место е во селска средина каде била направена ненамерна грешка а откако од избирачкиот одбор ја увиделе грешката, се корегирале. Таа побара да се пребројат јавно гласовите за канидатите за претседател за да се воочи разликата, зошто, како што рече, има 42 потписи на списокот, а 82 гласачки ливчиња во кутијата за претседател.Забуната, како што истакна Ристеска, настанала поради двојните избори во Охрид, за градоначалник и за претседател на државата.Според ДИК, таму имало вкупно 82 ливчиња (23 за Пендаровски, 1 за Река и 51 за Сиљановска и 7 неважечки ливчиња).

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани