Албанецот кој заработи казна за незаконското поставување на албанското знаме на ѕидините на Самоиловата тврдина со уште една провокација.
.jpg)
66 годишниот Ѓерг Прецокај во интервју за албанската агенција ИНА изјави:
–„Знамето на Албанија го поставивме на исто место каде што било во времето на Скендербег, кога тој ги бранел албанските земји. Јас сум Албанец, господ ни ги дал нас овие териотрии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги сотавиме“.
Интересно е што токму истиот играорец во полиција не ја кажа истата изјава, туку тврдеше дека не знаеле дека прекршиле зкаон, ами знамињата ги поставиле за фолклорен перформанс кој го изведувале на тврдината.
За ваквиот прекршок, Прецокај како предводник на групата беше казнет со 1000 евра парична глоба, но и протеран од земјава со петгодишна забрана за влез во Македонија.

На ваквата одлука од надлежните државни органи досега реагираше единствено Алијансата на албанците , која смета дека истакнувањето на албанското знаме не претставува никаков прекршок, и дека ваквата казна не и помага на државава во нејзината евроатланска определба.
Вчера на овој инцидент реагираше и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери. Тој вели дека косовскиот играорец Ѓерг Прекоцај, кој вчера развеа огромно албанско знаме на охридската тврдина, добил престрога казна.
На поставувањето на големо албанско знаме на Велигден на Самоиловата тврдина во Охрид реакции стигнаа и од соседна Бугарија.
„Непријатно е дека Самоиловата тврдина во Охрид, која е споменик на бугарската историја, култура и меморија за цар Самоил – еден од најголемите Бугари на сите времиња, станува предмет на такво вмешување. Ако овој инцидент заслужува коментар, тој мора да биде поврзан не само со нападите врз Република Северна Македонија, туку и со бугарското историско наследство. Од бугарска страна треба да има реакција “, е ставот на бугарскиот историчар Пламен Павлов
