Милошески: Граѓаните сакаат промени, дела а не зборови

Ова го истакна градоначалничкиот кандидат Митре Милошески.

„Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во руралните средини“. Вака ја започна денешната прес конференција Митре Милошески,кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.
– За убав град и за потребите на жителите во овој дел на Охрид нашата цел ќе биде изградба на повеќенаменско спортско игралиште како и детски игралишта на повеќе локации во неколкуте Урбани заедници.Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј.За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“.Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредените локации.Асфалтирање на улиците „Прилепска“, „28 Април“ и на сите споредни улици во Радојца Новичиќ.Реконструкција на тротоарите на улица „Радојца Новичиќ“ како и поставување улично осветлување.Замена на водоводната линија односно замена на азбесните цефки со нови пластични.Водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица „Будва“.Фекална канализација на улица „Железничка“, „Будва“ и „Александар Турунџиев“.Асфалтирање на улици во село Горно Лакочереј и Долно Лакочереј.Овие дела се остварливи и нема да бидат како зборовите што беа зборови на СДСМ, посебно ги потенцира проектите што ќе бидат за реализација во неговиот мандат доколку биде избран за градоначалник на Охрид. Додаде дека „ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија.
– Во програмата за убав град инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија се меѓу првите проекти затоа што се во интерес на граѓаните, како и за почиста и поздрава животна средина. Инвестирањето во патна инфраструктура, солидна инфраструктура е наша обврска.На 5 мај: 5 за Охрид и Охридско.5 за сите охриѓани.5 за убав град. Охрид повикува, изјави Милошески, обраќајќи им се на охриѓани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани