Деветгодиниот Матеј Јованоски од Охрид е најмладиот туристички работник .
Тој работи на катамаранот кај неговиот дедо. Неговата задача е да анимира туристи , да дели флаери, да ги нуди панорамските крстарења на пловилото.
Да ги убеди гостите да се возат со катамаранот. За возврат заработува дневница со која си купува што сака.
.jpg)
-„Јас барам гости за возење и ги возиме. Инаку за 1 Мај има многу туристи бидејки сите идат за празникот овде. Најчесто возиме кружна тура овде до Канео и Титовата резиденција. Посебно да сакаат да си резервираат за Свети Наум, да си изнајмат приватен катамаран и бараат ,многу да им се објаснува“, вели Матеј Јованоски.
Помага и при испловување и при паркирање. При влез и излез на гостите. А кога ќе порасни на планира да го вози катамаранот. Неговиот сон е да има сопствен катамаран.
.jpg)
-„Газдата на дедо му е братучед. Да јас учам занает јас на 15 ќе го возам катамаранот. Исто така тука во средната зграда имаме апартмани и за тука барам гости и си земам дневница“, вели малиот Јованоски.
Инаку, огромен број странски и домашни туристи Велигденксите и Првомајските празници ги минуваат на брегот на Охридското езеро. Традиционално деновиве најбројни се гостите од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, но и многу туристи од земјава.
-„Охрид е прекрасен ни се допаѓаат луѓето и храната“, вели еден гостин од Грција.
–Предмалку дојдовме во Охрид. Многу ни се допаѓа убав е гардот луѓето се гостопримливи. Тука остануваме два три дена ќе ја посетиме и Струга и Скопје. Сум бил во Охрид пред 40 години. Денес е многу поинаку, само стариот град е ист“, вели гостин од Косово.
–Ќе бидеме во градот и Свети Наум два денови. Пријатели кои доаѓаа овде ни го препорачаа Охрид и затоа дојдовме, вели туристика д Црна Гора.
-„Добра препорака сите Црногорци многу ги сакаат Македонците и затоа сакаме да доаѓаме овде. Јас сум втор пат во Охрид. Првиот пат впечатокот беше одличен“, вели гостинка од Црна Гора.
–Прв пат доаѓаме во Охрид народот е добар гостопримлив. Че одиме на крстарење тоа ни го фалеа. Имаше некоја поволна понуда во агенциите за 1 Мај и така одлучивме да дојдеме во Охрид, вели турист од Србија.
Гостите уживаат во природните убавини, во познатите излетнички места и на плажите вдолж Охридското езеро. Најголемиот дел од странците ги посетуваат културно историски споменици, црквите и музеите.
Новинар Соња Рилковска
