„Старо – нова“ рампа кон Стар град

Се гради нова рампа од плоштадот кон Стар град, на местото каде порано имаше рампа.  Овој зафат е дел од  летниот режим на сообраќај, кој стартува од утре. 

 

Регулирањето на сообраќајот да се врши преку влезно – излезни терминали (рампи) со користење на картички, а како дополнително на возилата да се стават соодветни налепници . Кај рампите постојано да има овластени лица кои ќе служат како припомош при одвивањето на сообраќајот. Рампите да се стационирани на ул. „ Коста Абраш “ и тоа на почетокот ( споменик Фаќач на крстот), пред Горна Порта и на исклучниот пат за црква Каменско. Влезно – излезен терминал ( рампа) да има и на ул. „ Македонски Просветители “ (наспроти сендвичара Пинк Пантер) која ќе е во функција на пркирањето во премиум зоната која ќе биде од оваа рампа до рампата лоцирана кај споменикот „Фаќачот на крст““, информираа од локалната самоуправа. 

 

Фотографија од новата рампа

Поголема контрола ќе се воспостави и во издавањето на картички за влез во Сатр град.

„Картичките да се издаваат по строго дефиниран Правилник и истите да ги издава комисија формирана од страна на Градоначалникот, со претходна согласност од Советот на Урбаната заедница и за цела постапка да биде запознат лично Градоначалникот.

Секој ден во временски период од 19. 00 до 05. 00 часот на улиците „Цар Самуил“ и „Коста Абраш“ да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку Горна Порта и исклучниот пат за црквата „Каменско“;
Целиот дел на стариот дел на градот да се прогласи за Зона на смирен сообраќај каде брзината на движење на моторните возила да е еднаква на брзина на движење на пешак“, информираа од локалната. 

Пред шест години, кога со паркинзите стопанисуваа приватни лица концесионери,  на истото место имаше рампи. 

 

Фотографија од старата рампа 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани