Нуркачот Никола Паскали ја извади руинираната када , што беше фрлена на дното на Охридското езеро.

Пред неколку денови истиот нуркач од клубот „Акватек“, ја откри кадата на стотина метри од брегот на длабочина од 5 метри помеѓу Сараиште и Мостот на желбите. Сликите ги објави и напиша:
-„Некој си го реновирал клозетот. Секоја чест, Браво“!
Тажно е колку е ниска свеста кај граѓаните за значењето и важноста на најстарото и наајчистото езеро во Европа. Секојдневно сме сведоци на купишта отпад, што се фрла во езерото. Активистите бараат ригорозни казни.
