17 јули или шпиц на сезона, а Охрид се уште не е преполн со туристи.
Очекувањата на туристичките работници не се остварија. Градот очекуваше повеќе туристи во однос на лани, но сезоната како да не почнала.
-„ После полноќ речиси сите угостителски објекти се затворени. Ек на сезона а, нема движење нема туристи“, велат дел од угостителите за Охриднет.
Се жалат и станиздавачите. И кај нив е преполовена работата. Многу помалку гости во однос на лани.
Преполовени се приходите во угостителските обејкти, кафулињата и рестораните во споредба со лани. Во мај имаше повеќе туристи отколку во јули. Според туристичките работници намален е бројот и на домашните и на странските гости.
На слаба сезона се жалат и трговците, дуќанџиите, превозниците.
Која е причината за намалениот број туристи ќе треба да анализираат надлежните, но сигурно удел има и црната кампања, што редовно се води во сезона за забраната за капење во езерото, пираните и чудните риби во Охридското езеро итн….
