Охрид во топ 8 градови на Балканот

Популарниот травел магазин „Culture trip“ го вброи Охрид во еден од осумте топ градови на Балканот кои треба да се посетат. 

 

„Балканскиот полуостров не е важна туристичка дестинација како другите места во Европа, но оваа често занемарена област има сè, од чисти плажи до недопрени планини, од урбани градови до археолошки паркови, а цените се пониски од некои познати туристички дестинации во западна ЕвропаАко барате опуштена атмосфера и неверојатни погледи, Охрид е вистинското место за вас: овој прекрасен град се наоѓа покрај едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро. Градот е една од најпопуларните летни дестинации на Балканот, а во пролет и есен го задржува својот шарм и на посетителите има нуди неверојатни места за посета – пишува веб-страницата за Охрид, кој се најде меѓу осумте градови на Балканот што треба да се посетат“, – пишува веб-страницата „Калчр Трип“, за овој дел од светот. 

 

Покрај Охрид на листата се Пиран, Словенија , Ровињ, Хрватска, Мостар, Босна и Херцеговина, Берат, Албанија , Нови Сад, Србија , Будва, Црна Гора , Призрен, Косово.

 

 Овде целата репортажа на „Culture trip“ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани