Речиси цел апартман под вода, открија нуркачите од НК „Акватек“.
Цело едно руинирано купатило фрлено под вода. После болјерот, кадата, казанчето, извадене од дното на езерото е и умивалникот.
.jpg)
-„Продолжуваме со доопремување на апартманот… Умивалникот е лоциран на длабочина од пет метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место“, напиша Никола Паскали од НК Акватек.
Целта на „Акватек“ е преку јавно објавување на целиот отпад откриен на днто на езерото, да се влијае врз свеста на несовесните граѓани, кои го загадуваат најстарото езеро во Европа.
.jpg)
