Скопско-неготинскиот тандем крадци заработија кривична пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Е (52) од Скопје и В.Ц.(28) од Неготино. Кривичната пријава против Ш.Е. е дополнета и за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, бидејќи изготвил лажна лична карта со цел да го прикрие својот идентиет.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „ пријавените, кражбите ги извршиле во периодот од 30 август до 15 септември 2019 година, во повеќе маркети лоцирани на улиците „7 ноември“, „15 корпус“, „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Даме Груев“ во Охрид, каде, влегувале користејќи подесен алат и физичка сила“.
