Финансиското работење и годишните програми на училиштата на дневен ред на следната седница на Советот на општина Охрид.
Советниците ќе ги разгледаат и годишните извештаи од работењето на дел од јавните претпријатија. Предвидено е да расправаат и за измени на планот за вработување за 2019 година на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
Воедно, прекинатата 28-ма седница на Советот на Општина Охрид, која беше одржана на ден 10.06.2019 година, ќе продолжи истиот ден 26.09.2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.
За расправа останаа следните точки од Дневниот ред:
- Предлог- одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП„Нискоградба Охрид“ Охрид за 2019 година.
- Информација околу состојбата и начинот на користење на плажите на територија на општина Охрид.
