Во нападот полесно се повредени две лица.
Синоќа околу во 23 часот, на улицата „Илинденска“ во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.П.(29) жител на селото, врз М.М.(46) и Б.С.(56), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен, се работи на целосно расчистување на настанот.
