Цела Македонија донира за Јана

 

Цела Македонија донира за Јана .Апел до сите граѓани да се вклучат да помогнат да дадеме надеж на нашата Јана Аровска.

 Триесетитригодишната Јана од Охрид веќе пет години се бори со тешка врста на рак. После две  операции потребна и е итна имунотерапија за повторно да застане на нозе. Јана по професија  е туристички водич, за жал фондот не и одобри средства за лекување. 

Денес беа поставени кутии за донации во бројни угостителски локали во Охрид и Скопје, со информации за целокупната акција и сите можни начини за донирање.

Кутии за донирање веќе има и во неколку цркви, на неколку бродови кои пренесуваат туристи, како и приватни бизниси кои несебично се приклучуваат кон акцијата со креативни идеи за придонес кон акцијата.

Утре продолжува доставувањето кутии за донации на уште повеќе места, локали, маркети и сите други кои се заинтересирани. Се приклучува и Црвениот Крст на Република Македонија, како и уште многу многу други организации, компании и индивидуалци, за кои ќе информираме во наредниот период.

Потсетуваме: Благодарност од срце до Ти-Мобајл и А1(екс ВИП) кои веднаш одговорија на барањето за отворање линии за донирање надеж за Јана.

Најголемо фала за веб-порталите и сите хумани фејсбукери и твитерџии. Првите бесплатно поставија банери на нивните сајтови, вторите, сите вие, го ширите „словото“ на хуманоста и помагате правењето добрина и донирањето надеж за Јана да се одвива со темпо со кое што се одвива!

Огромно благодариме и на сите национални, регионални и локални ТВ и радио станици кои веднаш, без двоумење се приклучија кон акцијата, ги преземаа тв и радио спотовите со повикот за донирање и ги пуштаат на своите фреквенции. Вие придонесувате за омасовување на акцијата и за тоа сме искрено благодарни!

ОД СРЦЕ им благодариме на сите кои досега се приклучија, како и на оние кои ќе го сторат тоа во наредниот период. Јана вели дека и давате екстра сила, и ветува дека ќе оздрави за сите нас, за вербата, за хуманоста и за силата која ја имаат луѓето кога се обединети во човечноста!

Да сте живи и здрави, да ни е жива и здрава Јана!

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани