Хотел „Метропол“ со највисоки плати на ривиерата

Просечната бруто плата по вработен во најголемите хотелиерско – угостителски фирми на охридско-струшката ривиера се движи од 393 до 540 евра, анализира Фактор. 

 

Најголемиот хотелски комплекс на охридската ривиера дава најголеми плати на своите вработени во споредба со конкурентите – големи и познати хотелиерско-угостителски компании во најголемиот македонски туристички центар на вода.

„Хотели Метропол“ лани вработувал 139 лица, а просечната месечна бруто плата изнесувала 540 евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи одобрени од независната ревизија. Во конкуренција на големите хотелско-угостителски брендови на орхидско-струшката ривиера „Хотели Метропол“ дава најголеми плати на своите вработени.
Како што пишувавме оваа компанија која во свој состав ги има големите хотели „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ лани направила вкупни приходи од продажба во износ од 3,18 милиони евра и тие се за 20 отсто повисоки од приходите од продажба во 2017 година, пишува Фактор.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани