Тешки повреди при пад од велосипед

Полската државјанка била пренесена во болницата „Св.Еразмо“.

На 25.09.2019 во 13.00 часот на патот од селата Трпејца до Стење, охридско, велосипедистката В.У.Е.(48) од Република Полска изгубила контрола и паднала на коловозот.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани