Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков смета дека по теркот на повисоко развиените земји за платформите може да се изнајде поинакво решение.

–Многу посериозно требаше да му пристапиме на овој проблем, наместо по 10 или 15 пати да разговараме за препораките поврзани со УНЕСКО и дивоградбите ние разговаравме за прв пат за мораториумот но ајде од некаде сe почнало. Гледаме некакви обиди чудни работи се случуваат со препораките на УНЕСКО и нивното спроведување, ние во суштина и не ги знаеме точно препораките од УНЕСКО кои дивоградби кои градби или постапки се засегнати и верувајте дека само нагаѓаме како граѓани сеушт еофицијално препораките ги немаме видено. Она што од нас беше барано и што претставува бренд и го има Oхрид изминативе години, статусот како членка на УНЕСКО треба да направиме да го задржиме со сите постапки да го спроведиме.Започна акцијата не знам зошто од тој објект но факт е дека од тие дивоградби има во заштитен појас и кои се проблем и го загрозуваат статусот а има и објекти кои не го засегаат статусот.
Едн работа се плажите до Св.Наум, платформите во стар град и сите останати дивоградби.
Независно колку се, тој дел во заштитена зона и оние кои не се , од тие дали има решение за рушење, дали некој поднел барање за легализација, и има трети кои немаат поднесено па со подзаконски акт да имаат легална градба но со легални цени да се наполни буџетот.
Факт е дека нешто се презема, но во прв момент изгледа чудно.
2017 забелешки на УНЕСКО беше за наколното и Плаошник но имаше луѓе кои сакаат да рзговараат затоа се изгради наколното на дрво и се отстранаа од забелешкит е исто со Плаошник. Значи не само платформите независно каде се може да се направи нешто на средина и општината да профитира. Реално проблемот меѓу забелешлките и што треба да се направи е само поради некомуникација на оваа власт и се оставало простор на некакви квази невалдини организации да му ја полнат главата со разни работи. А за суштински работи
Ако сакаат да постават да исполнуваат еколошки принципи а притоа да има корист и општината-за платформите.
Во однос на платформите може да се најде некој компромис а тоа да резултираа со наплата на таа комунална такса а општината да профитира. Постојат начини. Имаше случај во Хрватска каде што има заштита на Унеско таму изнашле решение при што платформата делот кој е во вода било железо или дрво е премачкан со одредена материја и добиле елаборати дека не загадуваат, вели Кирил Пецаков советник од ВМРО ДПМНЕ.
