Со асистенција на полицијата утрово започна отстранување на платформите на вода терасите од угостителските објекти „Далга“, „Ноа“, „Кадмо“, „Момир“ и „Ликвид“.
Улицата која води кон овие објекти на брегот од Езерото е затворена од полицијата со образложение дека се изведуваат градежни работи.

По отстранувањето на нелегално изградените платформи општината Охрид ќе изготви трошковник и истиот ќе им го достави да го платат сопствениците на угостителските објекти.
Угостителите добија три дена за отстранување на дивоизградените тераси на вода. Прв самоиницијативно ја отстрани платформата кафе барот „Аквариус“.

