Почнува нова сезона од ТВ емисијата „Прашалник“

Од денес официјално стартува  новата , втора по ред ТВ сезона на дебатната емисија „Прашалник“ на ТВМ Телевизија. 

 

Уредникот на емисијата, воедно и водител новинарката Соња Рилковкса најавува многу интересни дебати,   познати и непознати гости на теми кои ги засегаат граѓаните на Охрид и регионот. 

-„Првата емисија од оваа сезона  е посветена на уривањето на дивоградбите како најактуелна тема во овој период. Мои гости се градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, најстариот угостител во градот Љупчо Патчев и координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков. Многу инетересна емисија која претпремиерно ќе се емитува вечерва во 20 15 часот. Ги повикувам сите кои имаат можност да не следат на ТВМ а останатите на интернет Јутуб и Фејсбук, има што да се чуе“, вели Соња Рилковска уредник на „Прашалник“. 

Емисијата и оваа ТВ сезона ќе се емитува во редовниот термин,  секој втор вторник во месецот во  17 30 , веднаш по завршувањето на  централниот дневник на ТВМ Телевизија. Воедно ќе ја има и на „Јутуб“ каналот и на веб порталот  Охриднет.ком и ТВМ.мк и на официјалниот Фејсбук профил „ПР?АШАЛНИК“. 

Минатата сезона емисијата наиде на позитивен фитбек од страна на граѓаните, предизвика огромно внимание и позитивни реакции од публиката,  а воедно и одлична гледаност. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани