Колев: Да се намали бројот на пратеници

За промена на името на Македонија немаше потреба од консензус, власта си ја истурка работата сама, но за промена на изборниот модел, особено воведувањето на отворени листи и намалувањето на бројот на пратениците, министрите и советниците е тука треба консензус. Какво е ова политичко лицемерие?!, прашува во писмено соопштение претседателот на ГДУ Петар Колев. 

 

Последниот збор го имаат ГРАЃАНИТЕ!

Во следниот парламентарен состав, пратениците од ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА -ГДУ, првите законски измени и амандмани кои ќе ги предложат ќе бидат во насока на намалување на бројот на пратеници, влада не поголема од 15 министри и ниту еден без ресор и намалување на бројот на советниците во општинските совети по модели на Словенија.

Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата а не од чистачките во институциите, вели Колев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани