125 пациенти добија бесплатни прегледи на Денот на срцето, вчера на градскиот плоштад во Охрид.
Тимот на искусен медицински персонал ги прегледуваше, но и им делеше бесплатни совети на сите заинтересирани граѓани.
Најинтересно е што од од беше побарано да си дадат ветување како да го подбрат своето срце и истото да го запишат на ливче.
Сите запишаа некоја своја желба, односно ветување кое ќе се трудат да ја остварат.
-„Специјалната болница за кардиоловаскуларни заболувања во соработка со Црвениот крст од Охрид, со општина Охрид и фармацевтската компанија „Алкалоид“ се вклучи во кампањата за одбележување на Светскиот Ден на срцето. Имавме околу 125 бесплатни прегледи, делевме совети на граѓаните за здрав живот и здраво срце. Оваа година мотото на Светскиот Ден на срцето беше „Направи ветување за моето срце, за твоето срце , за нашите срца“. Едноставно секој да си даде ветување било тоа да се однесува во однос на изхраната, во однос на физичката активност, или во однос на борбата со некој порок се` со цел тоа ветување за да секој си биде херој на своето срце“, вели доктор Благовесна Фортомаровска Милеска.
Грижата за здраво срце опфаќа мали, но значајни и секојдневни препораки кон кои треба да се придржуваат сите, советуваат лекарите.
-„Здрава храна, физичка активност, борба против пушење, неконтролираната консумација на алкохол, и другите ризик фактори. Клучна улога во превенцијата на крдиоваскуларните заболувања претставува борбата со ризик факторите знали борбата со хипертензија, со покачени маснотии, пушење , со стересот и други активности кои ни се познати. На крај целта е здраво срце за сите со здрави навики за живеење за подолг и поквалитетен живот“, појаснува докторката Благовесна Ф. Милеска.
ФОТОГРАФИИ:





