ЕВРОПСКИ ДЕН ЗА СОРАБОТКА

Централниот дел на манифестацијата беше посветен на Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“

.Во организација на општина Охрид. Делегацијата на Европската унија, Министерството за локална самоупрва и Државниот инспекторат за животна средина, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа манифестацијата „ Европски ден за соработка“. Централниот дел на манифестацијата беше посветен на Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ .
-Општина Охрид контрибуира со своите ресурси во неколку европски проекти, посебно во рамките на оваа програма, а се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со нашите активности да дадеме силен придонес на промовирање на европските вредности, пред се во областите едукација на младата популација, културното и природното наследство и животната средина.
Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секоја година. На овој начин се зголемува видливоста и се подигнува јавната свест за Интерег Ипа прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и нивните проекти. Иднината е кај најмладите и на сегашните и идните генерации треба да им обезбедиме здрава животна средина, а овој проект токму е фокусиран на следењето на квалитетот на воздухот во Охрид преку нови иновативни методи, а ќе биде и од особено значење за планирањето на идните активности и мерки во оваа област- рече заменик градоначалникот Ристо Николески. Пред зградата на општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на пилот проектот „ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух–„AIRTHINGS“, кој е дел од програмата „ Интерег Балкан Медитеран“ на Европската унија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани