Стево Карапанџа доаѓа во Охрид на Don’t worry be Ohrid

Четвртото издание на Гастромак од Струмица се сели во Охрид.

Кои се најновите трендови во светот на кулинарството и каква е позицијата на Македонија на светската гастрономска мапа? Одговорите на овие прашања ќе ги даде четвртото издание на манифестацијата Гастромак, кое претстои од 10 до 14 октомври. Како што пишува mms.mk oвој натпревар кој претходно се случуваше во Струмица сега се сели во Охрид каде ќе пристигнат стотици кулинари од над 30 држави.Центар на гастрономијата на Југоисточна Европа. Ваква титула ќе има Охрид од 10 до 14 месецов, како домаќин на четвртото издание на Интернационалниот гастрономски фестивал Гастромак. Над 300 готвачи од триесетина земји ќе пристигнат во нашата, за да ги споделат со своите колеги искуствата, знаењата и вештините од областа на гастрономијата. Тие ќе се натпреваруваат под мотото Don’t worry, be Ohrid. Претседателката на Гастромак, Адријана Алачки најавува разновидна програма:
„Сите патишта ќе водат кон Охрид, кон хотелот Нова Ривиера од 10 до 14 октомври. Чувствуваме огромна одговорност бидејќи сме домаќини на овој спектакл. Најавено е присуство на 300 учесници од 30 и повеќе земји, дури и од Сибир. Настанот почнува од 10 октомври со големо дефиле на судиите и мастершефовите, па се’ до гаснењето на рефлекторите на 14 oктомври. Се’ ќе се одвива на два фронта – учесниците ќе се натпреваруваат внатре во хотелот по дадените категории, а пред хотелoт ќе има презентации за сите гурмани. Ќе ја вкусиме традицијата на светот“.
Потпретседателот на Гастромак, Љупчо Гиевски оценува дека настанот ќе донесе вонсериско искуство за аматерите:
„Се грижиме за богатата гастрономска традиција, во истовреме воведуваме светски кулинарски трендови. Ќе можеме да ги измериме не силите, туку чиниите со другите земји и да се информира што е ново во модерното кулинарство. Целта е да се вкуси нашата кујна и да се вратат повторно во Македонија“.
Претседател на судиите кои ќе ги оценуваат натпреварувачите ќе биде Стево Карапанџа, кој претходно веќе беше дел од оваа манифестација, во чии рамки жени од цела Македонија со разни специјалитети ќе им ја претстават на гостите домашната кујна.
Натпреварот е логистички поддржан од Светската федерација на шефови на кујни што ги обединува кулинарските здруженија од 150 држави во светот. Апаратите со кои ќе се готви ги обезбедува Нептун, а од Гастромак по завршувањето, ќе ги донираат на децата без родители.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани