Со засиленаа динамика ќе продолжи изградбата на автопатот Кичево Охрид.
Покрај што се работи на основниот проект, се поправаат и направените грешки, какви што досега не памети градежниптвото, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска присуствувајќи на симпозиумот на друштвото на градежни конструктори во Охрид.
До јуни 2021 се очекува автопатот да биде завршен и ставен во фукнкција, а се прават и напори до идната година да биде пуштен дел од Врбјани до Охрид.Министерот очекува овој патен правец да чини помалку од првично проектираните 375 милиони евра.
– „Тоа беа 411 милиони евра па потоа 379 милиони евра со анекс на договорот. ИЌе ви кажам ние се уште не можеме да потврдиме колку ќе чини на крајот, но очекувањата мои се дека ќе чини помалку, но треба да видиме. На пр акк 226 милиони евра беа предвидени со заврши некаде околу 180 милиони. Така да не можеево целост да предвидиме но се прават напори по сите основи да има заштеди и да се направи автопат и од друга страна да чини помалку колку може бидејки цените се сменети од договорите што ги склучила претходната влада“, вели Горан Сугарески министер за транспорт и врски.
57 километарската современа автопатска делница „Мајка Тереза“ и после пет години од почетокот на изградбата, во февруари 2014 година , има уште многу работа, причина за тоа се бројните препреки почнувајќи од лошите проекти. Се изгуби време на обезбедување на средства и изработка на дополнитлени проекти во кои беа коригирани бројните пропусти.
– „Во јануари 2019 година истече договорот и средствата не можеа да се користат дополнително. Така да имаше и тука одреден застој, бидејки дел од средствата кои што беа во резерва околу 200 милиони не можеа да се користат и беше истечен договорот. И дополнително собранието донесе анекс со кои се потребни дополнителни средства за доизградба на тој патен правец. Во изминатиот период преговорите со Ексим банка не застанаа се боревме за тие средства и банката ги одобри некаде во мај или јуни. Сакам да информирам дека очекуваме засилено темпо во понатамошниот период“, појаснува Сугарески.
Сугарески најави и реконструкција на патот од Гранит до Пештани, а се прави и проект за реконструкција на патот до Свети Наум. Од идната година стартува реконструкцијата и на патниот правец од Подмолје до Ќафасан. Според Сугарески во изминативе 2 години се рекоструирани околу 500 километри патишта низ земјава.
Новинар Соња Рилковска
