Цариник од Охрид ја злоупотребил службената положба

Цариникот на граничниот премин „Блато“ пропуштил криумчарена стока.

Како што стои во полициското соопштение, „ надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.М.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехрамбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки. Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани