Помпео во Охрид пречекан со највисоки државни почести

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од Охрид честиташе за Преспанскиот договор и за напредокот на земјата, и ја поттикна владата да работи на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

 


Поддршка за стратешкото партнерство со Северна Македонија и предупредување до државата да внимава на руското и кинеското влијание, испрати американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска од Охрид каде престојуваше во неколкучасовна посета.

Помпео е прв американски државен секретар во посета на земјата од Колин Пауел во 2001 година и неговото доаѓање се совпаѓа и со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Во помалку или повеќе славенички стил мина и неговиот престој во Охрид, од каде ги пофали македонските власти за успесите и напорите да се забрза патот кон евро-атлантските интеграции, но и порача дека треба уште да се работи на повеќе полиња.

Американскиот државен секретар беше пречекан со највисоки државни почести на аеродромот во Охрид од МНР, Никола Димитров

Во кусата прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Помпео ги акцентираше владеење на правото и доброто владеење, и рече дека неговата земја дава поттик за борба против корупцијата „како клучна за вашето приближување кон ЕУ и НАТО, но важна и за самата земја.“ Тој рече дека очекува Сенатот во САД во текот на оваа есен да го ратификува Протоколот за членство на земјата во НАТО.

Помпео честиташе и „на историскиот Преспански договор со Грција, кој ќе придонесе и за поголема стабилност во регионот и во Европа.“

Според првиот американски дипломат, она на што треба да се внимава во земјата се руското и кинеското влијание.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани