Накит од охридски бисери за Сузан Помпео

Сопругата на Мајк Помпео денес доби вреден накит од охридски бисери.

Како и секогаш најпознатиот производител на оригинални охридски бисери, брендот Филеви ја имаа таа чест да бидат домаќини на почесните гости и да ја раскажат прикзаната за вредните бисери. 

-„Посебна чест и задоволство ми претставува денешната посета на Музејот на Охридскиот Бисер Филеви Т.М.1928 на високата делегација на САД предводена од Секретарот Г-Дин Мајк Помпео во придружба на неговата сопруга Г-ѓа Сузан Помпео.Каде се запозна со техниката,Богатата музејска содржина,традицијата,историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает тајна заштитен Бренд како посебен културен елемент на Охрид.Во оваа пригода од името на Македонските граѓани и семејството Филеви за Г-Дин Мајк Помпео изработивме посебен Чибук во дрвена итарзија со Охридски Бисер и манжетни,за Г.ѓа Сузан Помпео посебен ѓердан со обетки Охридски Бисер“, изјави Михајло Филев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани