Охриѓанец е фатен со амфетамин.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(22) од Охрид.
Како што соопштува Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „пријавениот, на 16.09.2019 на улицата ,,Абас Емин“ во Охрид бил запрен од полициските службеници и при преглед кај него бил пронајден амфетамин. При претрес во неговиот дом, бил пронајден и одземен амфетамин“.
