Пожар поради неисправна плинска боца

Од пожарот повозрасна жена се здобила со изгореници.

На 11.10.2019 околу 16,00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.
Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани